Дански европарламентарец со жестоки навреди кон Трамп поради Гренланд: „Претседателе, е**те се“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пред неговото официјално доаѓање на претседателската функција на САД, Доналд Трамп неколку пати најави дека планира да го презеде Гренланд од Данска, и дека има идеја таму да распише референдум.

Ова наиде на жестоки критики особено во Европа, а најжесток беше данскиот европарламентарец Андерс Вистисен.

„Почитуван претседателе, слушајте внимателно. Гренланд е дел од Данското кралство 800 години. Тој е интегриран дел од нашата земја. Не е на продажба. Ќе ви кажам со зборови кои може да ги разберете. Господине Трамп, од**ете“, рече Вистисен.

Реагираше потпретседателот на Европскиот парламент на овој говор.

„Терминот што го употребивте не е дозволен во овој дом и ќе има последици. Тоа не е во ред во овој дом на демократијата. Без разлика што мислиме за господинот Трамп, не е возможно да се користи таков речник“, рече Николае Стефануа на говорот на Вистисен.