Дарио Ивановски го освои 46. место на маратонот на ЕП во Бирмингем

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонскиот маратонец Дарио Ивановски го освои 46. место на маратонот во рамки на Европското првенство во Бирмингем. Ивановски ја мина маратонската патека со време од 2:22:39 часа, со заостанување од 13 минути и 28 секунди зад победникот Аманал Петрос од Германија.

Ивановски имаше добар старт на трката и во почетната фаза се движеше во средината од групата. Сепак, меѓу 15. и 20. километар се соочи со криза, поради што загуби околу 20 позиции.

И покрај падот во пласманот, македонскиот маратонец успеа да го врати ритамот и во продолжението на трката да го подобри својот пласман. На половина од маратонската патека, односно по истрчани 21,1 километар, Ивановски имаше време од 1:09:28 часа.

Маратонот го завршија 52 натпреварувачи, додека седум маратонци се откажаа од трката, а еден не стартуваше.