Денешното Богојавление во Скопје привлече голем број верници на реката Вардар, каде што поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, го положи светиот крст во осветените води.
Најсреќен меѓу учесниците беше Дарко Митровиќ, кој го фати крстот и со тоа се стекна со благослов и среќа за претстојната година, во духот на вековната православна традиција.
Фаќањето на крстот се смета за соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот водите стануваат лековити и носат благослов за сите кои присуствуваат.
