Со Срџан Дамјановиќ, екс министерот за надворешни работи на Црна Гора, вечерва дебатиравме во „Клик Плус“ на ТВ21 околу случувањата на Западниот Балкан.
Дамјановиќ бил и амбасадор на Црна Гора во САД, па е можеби најкомпентен да коментира за евентуална улога на новиот претседател Бајден во Западниот Балкан.
Дамјановиќ смета дека Западен Балкан нема да биде приоритет на администрацијата на Бајден.
„Знаете како, сосема е сигурно дека Западниот Балкан нема да биде приоритет на Бајденовата администрација затоа што има многу други. Соединетите Американски Држави се подготвуваат за голема конкуренција во 21-от век со Кина која е веќе одамна започната. Тие тоа го сфаќаат многу сериозно и моментално има затегнатост спрема амбициите на ревизионистичките сили каква што е Русија. Тие, колку можев да заклучам сепак овие проблеми ги сфаќаат како еден вид на краткотрајни проблеми во однос на оваа долготрајна компетиција со Кина која им претстои. Исто така, постојат и многу други проблеми на кои се тие фокусирани како што е повлекувањето на војниците од Авганистан. Има и други светски проблеми во кои е Америка многу инволвирана, но сепак верувам дека Западен Балкан овој пат во администрацијата на Бајден има некој кој овие проблеми многу добро ги познава.“, рече Дармановиќ.
Целата изјава низ видео:
