Највисокото изборно тело во државата добива нов состав.
„Да, можам да потврдам дека со одлука на последниот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, професорот Александар Даштевски ја доби поддршката за предлог за нов претседател на ДИК“, вели Наум Стоилковски.
Ова следува откако истече мандатот на претходниот состав, по што во Собранието започна постапката за избор на нови членови.
Мандатот на актуелниот состав на ДИК истекува месецов, а заменик на досешаниот претседател Оливер Дерковски, најверојатно ќе биде професорот Александар Даштевски.
Од СДСМ велат дека огласот заврши денеска и не треба да се шпекулира.
„Постапката се уште не е завршена и во овој момент не би требало да се шпекулира со тоа“, велат од СДСМ за ТВ21.
Изборот на членови на ДИК се врши согласно Изборниот законик. Претседателот го предлага опозициската партија која добила најмногу гласови на последните парламентарни избори, која има уште еден член во Комисијата.
Партиите на власт, пак, предлагаат потпретседател (кој би бил од редовите на ДУИ) и тројца членови (СДСМ).
Доколку Даштевски биде избран, ова нема да биде негово прво искуство во ДИК. Тој беше избран за член на Комисијата и пред парламентарните избори во 2006 година, тогаш како кадар на ВМРО-НП.
ВМРО-ДПМНЕ во актуелниот состав на ДИК, кој е на заминување, исто така, имаше претседател – Оливер Деркоски, додека членка на Комисијата од најголемата опозициска партија е Елизабета Постоловска.
