Европскиот фронт никако не може да се согласи со предлогот на мандатарот за формирање на Влада, Христијан Мицкоски, претседателот на Демократската партија на србите, Иван Стоилковиќ да биде министер за односи меѓу заедниците. Потпретседателката на АА, Илире Даути, вели дека Мицкоски со ова ги релативизира Албанците и ги споредува со народ кој според последниот попис е 1,18%. Даути во Дејли Клик изјави дека Мицкоски ова го овозможи преку предизборна коалиција со ВРЕДИ.
„Бидејќи тој предусловите ги создава првично објвувајќи коалиција пред да се одржат иборите на 8 мај, со коалицијата ВРЕДИ. Го направи теренот, овие му овозможија да се однесува како што сака. Со ова дури и припаникот на заедницата која е прогласена за геноцид, поради непочитувањето на другите заедници во рамките на територијата на екс Јогославија, да го постават министер кој ќе ги среди односите меѓу заедниците. Замислете тоа е апсурдно“, порача Илире Даути.
Таа упати повик до ВРЕДИ или да не учествува во Владата или да дадат сериозни забелешки или да прифатат дека беа втората листа на ВМРО –ДПМНЕ на овие избори. Коментирајќи ја изјавата на генералниот секретар на Алтернатива, Зекирија Ибрахими, дека тие не ја поздравуваат одлуката на Мицкоски, Даути рече дека тоа не е доволно туку дека е потребна остра реакција.
„Зошто во политиката има потреба да го поздравуваш тоа што другиот прави, ти се допаѓало или не. Во политиката потребана е реакција. Остра реакција. Тоа лице кое го претставува тоа што го реков пред малку не може да дојде на чело на институција која се бави со етничките заедници“, вели Илире Даути.
Вчера и АА, која е дел од Европскиот фронт, ја предизвика ВРЕДИ – пред да гласа за новата влада, да побарат од Стоилковиќ јавно да се произнесе за признавањето на Косово како независна држава, да се дистанцира од Путин и Вучиќ и да изјави дека е Про ЕУ и САД,
