Дефект на два далекуводи ги остави без струја Охрид, Ресен, Дебар…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дефект на два далекуводи ги остави без струја Охрид, Ресен, Дебар.

Како што дознава ТВ21, неофицијално дефект на два делекуводи, Вруток Шпиље и Битола 4 Ресен е причината поради која поголем регион остана без струја.

Според информациите прекин на електрична енергија има во градовите Охрид, Ресен и Дебар.

Дефектот е во високонапонската мрежа на МЕПСО. Информациите на ТВ21 велат дека околу 40-тина лица од тимот на МЕПСО се на терен и се обидуваат да го санираат дефектот.