Дефинирање на Албанците како 20% во Уставот, албанските партии на став навредливо е треба да се промени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Албанскиот е јазик што го зборуваат 20% или 30% од населението?! Дали Пописот на кој вкупниот број на Албанци излезе над 29% ќе донесе уставни измени? Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети рече дека прашање на време е кога ќе биде избришана дефиницијата од Уставот според која Албанците се дефинирани како “20%“ . Објаснувајќи зошто е одреден тој процент, тој додаде дека има добра волја од сите страни да се отстрани, но во моментов, според него, важно е да се реши спорот со Бугарија.

„20% во Уставот на РСМ не ја нарушуваше суштината на унапредувањето на албанското прашање во РСМ. Направивме компромис и бевме сигурни дека со тек на време ова прашање ќе смени во најдобриот момент. Има добра волја од сите партии од првиот момент кога Уставот ќе се отвори за промени и други унапредувања, ова прашање да се реши, вели Ахмети.


Отстранувањето на „20%“ е точката што ги обединува сите албански партии, бидејќи тоа го бара и опозицијата. Дури и претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села рече дека Пописот воопшто не треба да се поврзува со бришењето на 20 отсто од Уставот. Тој додаде дека Албанците не треба да се третираат со навредливи дефиниции.

„Првите уставни измени не треба да зависат од пописот на населението. Ставот на АА е конзистентен и постојан многупати јавно искажан дури и кога беше отворен Уставот. Докажано со амандмани во кои сегменти мислиме дека треба да се менува Уставот, и да, Уставот треба да се промени!“, вели Села.
Потпретседателот на Беса, Арјанит Хоџа, смета дека формата на процентуално претставување на Албанците во Уставот е понижувачка, а со отстранувањето на процентот како законски термин ќе се зголеми кредибилитетот меѓу заедниците.

„Апсолутно дека при секое отворање на Уставот ќе го покренуваме ова прашање и ќе се обидеме да го елиминираме, затоа што нема логика, особено по сето она што се случуваше во сите овие години на политички плурализам. Но, нормално, Уставот бара 80 гласа за што е потребен поширок консензус“, вели Хоџа.


Македонските партии не сакаа да коментираат дали се подготвени да се согласат во рамки на уставните измени за укинување на дефиницијата 20% за Албанците и албанскиот јазик.