Приведени 11 возачи за безобѕирно управување возило, девет возеле без положен возачки испит

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит и тоа: О.М.(26) и С.Н.(30), двајцата од Скопје, Д.К.(26) од с.Јурумлери, скопско, 17-годишник од с.Студеничани, скопско, К.Д.(47) од Гостивар, А.С.(18) од Неготино, М.К.(46) од Гевгелија, Б.П.(36) од Прилеп и К.Д.(48) од Битола.

Додека, пак, Ј.Т.(36) од с.Виничани, Општина Градско, управувал моторно возило под дејство на алкохол, а Ф.Г.(20) од Кочани управувал моторно возило со активна забрана. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.