Папата Лав XIV денеска ги повика француските и светските лидери да не останат рамнодушни кон војните и страдањата на Блискиот Исток, да го промовираат дијалогот и дипломатијата и Франција да остане „неуморен шампион на мирот“.
Поглаварот на Римокатоличката црква, кој од денеска е во четиридневна посета на Франција, повика и на заштита на човечкото достоинство и правото на живот, предупредувајќи на ризиците од генетски манипулации, сурогатство, трговија со човечки органи и неконтролиран развој на вештачката интелигенција.
Папата Лав XIV, кој се обрати по францускиот претседател Емануел Макрон, зборуваше на француски јазик и му се заблагодари на францускиот претседател за поканата да ја посети Франција и за зборовите за добредојде, пренесува „Франс24“.
