На седницата на Советот на општина Кичево, градоначалникот Фатмир Дехари побара од советниците на ВМРО да го кренат својот глас во однос на прашањето за пописот на населението да не бидат вклучени иселениците во пресметката на средствата што државата им ги доделува на општините. Кичево има 56.725 жители, од кои 39.699 се жители и 17.026 се во дијаспората, а тоа за Кичево, според Дехари, е голема загуба, бидејќи иселениците освен поврзаноста со државата многу придонесуваат и за економијата.
„Сметам дека тоа е несериозно дури и да е грешка не знам чија, овие грешки мора да се поправат бидејќи се на штета на нашите граѓани но и на нас самите што живееме овде. Со исклучување на дијаспората, општина Кичево во 2025 година ќе загуби 2.302.000 евра само од финансиски средства, дотации за општините обезбедени од Владата“, вели Фатмир Дехари.
На седницата на Советот учествуваа и двајца иселеници кои се и инвеститори во овој град. Еден од нив за ТВ21 изјави дека очекува Владата да го реши ова прашање бидејќи иселениците се главната артерија на државата.
„Мислам дека дијаспората отсекогаш била составен дел на Кичево, но во последните четири години сме и главна артерија бидејќи сме речиси еднакви и не е како порано, зима, лето како порано, иселениците секоја сезона се во татковината, затоа мислам дека оваа точка треба да се повлече и да бидеме признати како резидентни жители“, вели Газменд Лимани.
Ова беше речено на седницата на советот на општина Кичево на која се расправаше за предлог-буџетот за 2025 година, кој изнесува 19.175.350 евра и беше изгласан со 16 гласа „ЗА“, ниту еден „ПРОТИВ“ и ниту еден „ВОЗДРЖАН“. На оваа средба беа разгледани и 6 амандмани предложени од советниците на ВМРО-ДПМНЕ, но ниту еден не беше прифатен.
