Дехари вети пред 5 години, но… – Уредувањето на реката Сушица, нереализиран проект

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во 2017 година беше ветено дека реката  Сушица која минува низ Кичево ќе се уреди и ќе изгледа вака…

Во 2020 година ТВ21 го праша градоначалникот Фатмир Дехари зошто не е реализиран проектот, тој рече дека има некои процедурални проблеми.

„Треба да се има предвид дека при изработка на проект имавме  процедурален проблем и за жал во овој  случај ни требаше многу време да го изработиме проектот и сега сме во завршна фаза и се надевам дека основниот проект ќе се изработи во текот на оваа година и следната година ќе имаме можност да аплицираме за реализација на тој проект“, посочи Фатмир Дехари.

И по оваа изјава поминаа 2 години, а како што се гледа  реката е во истата состојба.

Дехари и во 2022 година рече дека работите  за изработка на основниот проект се закочени.

„Основниот проект за изработка наиде на пречки поради деталниот урбанистички план на градот, се надевам дека процедурите ќе завршат во најбрз можен рок и ќе почнат со реализација на овој проект. По реализацијата на проектот за изградба на центарот на Кичево, кој е голем проект и целосно ќе го промени изгледот на Кичево, максимално ќе се фокусираме на реализација на проектот за реката Сушица“, додаде Фатмир Дехари.

Инаку, со овој проект освен  уредување на коритото, се предвидува уредување и на  шеталиштето, велосипедската патека и подземниот паркинг.