По средбата евроамбасадорот Дејвид Гир истакна дека ќе прошетаат низ Шуто Оризаре за да видат неколку реализирани објекти кои се финансирани од ЕУ.
За културниот диверзитет Гир рече дека традициите ќе имаат голема вредност и во ЕУ.
„Секако, мислам дека би било целосна грешка ако ги погледнете сите проблеми што постојат во Шуто Оризаре во контекст на предизвиците, токму во однос на општината Шуто Оризаре. Всушност, во самата општина Шуто Оризаре има голема разновидност на население кое има многу богата култура и јазик како и историска традиција. Така што мислам дека сите заедници кои живеат во Шуто Оризаре можат да дадат голем придонес, всушност тие се голема вредност за самото општество“, вели Дејвид Гир.
Ова е деветта по ред општинска посета на европскиот амбасадор Гир по отворањето на преговорите за членство во ЕУ со Македонија во јули 2022 година. Целта на посетите е да се претстават новите чекори во процесот на преговорите за членство во ЕУ и нивното влијание врз секојдневниот живот на граѓаните.
