Над 20 куќи во Кондово со недели се без електрична енергија. Освен што е зима и температурите се ниски, во оваа населба од немањето електрична енергија трпат загуби и многу мали бизниси, бидејќи млечните производи се расипуваат. Еден сопственик на продавница вели дека со денови повеќе од 12 часа се без струја.
Денеска жителите загубија трпение и отидоа пред центарот на ЕВН во Ѓорче Петров каде протестираа. Таму побараа да се сретнат со раководителот на овој центар. Додека жителите беа на протест, струјата беше пуштена, но за неколку минути се запали кабелот од електричната енергија загрозувајќи ги куќите кои се во близина.
Откако се сретнаа со раководителот на центарот на ЕВН, жителите на Кондово добија ветување дека наскоро ќе се реши овој проблем.
По завршување на средбата меѓу жителите на Кондово и претставниците на центарот на ЕВН во Ѓорче Петров, веднаш екипа заминала за да го замени кабелот.
ЕВН на прашање на ТВ21 велат дека во тој од Кондово има преоптовареност на електричната мрежа.
Понатаму од оваа компанија велат дека раководството на Електродистрибуција во Ѓорче Птеров остварил средба со претставници на селото.
Жителите велат дека овој кабел често се менува, но треба да се детектира проблемот зошто со денови нема електрична енергија, а велат дека и нивните деца губат настава бидејќи истата не можат да ја следат онлајн.
