Делегации на САД и на Русија денеска на средба во Истанбул, Украина не е на дневен ред

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американските и руските делегации денеска пристигнаа во Истанбул на разговори за нормализирање на работата на нивните дипломатски претставништва, откако војната во Украина го предизвика најголемиот конфликт меѓу Москва и Западот од Студената војна.

На снимката на Ројтерс се гледа како неколку автомобили влегуваат во дворот на рускиот конзулат во центарот на Истанбул.

Разговорите ќе ги водат новиот руски амбасадор во Вашингтон, Александар Дарчиев и заменик-помошникот државен секретар на САД, Соната Колтер, соопшти руското МНР.

Главниот фокус, велат Москва и Вашингтон, е обновувањето на дипломатските мисии по долгогодишни борби, меѓусебни тврдења за заплашување, па дури и замрзнување на дипломатските средства меѓу двете нуклеарни сили.

„Украина не е, апсолутно не е на дневен ред“, изјави во вторникот портпаролката на Стејт департментот Тами Брус.