Претседателката на Комората на извршители, Весна Деловска вечерва во Бизнис21 на ТВ21 зборуваше за новиот Закон за извршување. Таа откри дека за време на носење на законот во министерството за правда, од Комората ја напуштиле работната група и кажа дека таму се направил отпор и не сакале да ги прифатат нивните предлози.
„За носење на законот се формираше работна група, и на почетните состаноци во таа работна група имаше професори од правните факултети, судии, непосредно врзани со работата во делот на законот на извршување, точно е дека имаше нотари, адвокати, претставници од банкарската асоцијација. Ќе откријам една тајна, а тоа е дека ние ја напуштивме работната група, постои национална страгетија за реформи во правосусдство, со јасни насоки за прилагодување со ЕУ законовоствтото. Таму беше точно кажано каде треба да се интервенира. Беше договорена динамика да се работат по 40-50 членови од една седница. Во работната група се направи отпор и не сакаа да ги прифатат нашите предлози. После 20 години првпат да увидиме, дека ова што Марјан го говореше долгот од 1000 денари, не може кога ќе дојде предметот кај мене во канцеларија да биде 10.000 денари. Дадовме решение, и е насловено како „пријателско нмирување на спорови“. Се однесува на предметите на долгови кои произлетуват од комуналните дејности. Предложивме решение да бидеме електронски поврзани со тие претпријатија за некој симболичен надоместок, да дадеме рок на граѓаните да пристапат и да го подмират долгот. Се создаде отпор дека пред 2017 година постоеше една измена во Законот каде што беше насловена како вонсудска наплата, и таа падна на Уставен суд, но ние повторно го дадовме изменет предлог, пријателсно намирување на спорови за да не се ‘дебелее’ еден предмет.“, рече Деловска.
Целата изјава низ следното видео:
