Поранешниот потпретседател на СДСМ и сегашен пратеник Фатмир Битиќи, вечерва во Бизнис 21 рече дека е делумно разочаран од партијата и од одлуките. Тој кажа дека тоа го покажал веднаш по поразот на изборите, кога си поднесе оставка од функцијата потпретседател.
„Делумно сум разочаран од политиките на СДСМ. Јас не бегам од тоа, прв си дадов оставка од потпретседател на партијата дента кога ги загубивме изборите. Би се случила побрза реконструкција во партијата, но јас сега не сум во раководните структури, така што не можам да кажувам“, изјави Битиќи.
