Демантирана веста за смртта на Рајола: „Лут сум, ме умираат два пати во рок од 4 месеци“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Откако сите угледни странски медиуми меѓу кои и „Газета“, „Дејлимејл“, „Еуроспорт“, ја пренесоа веста дека почина најпознатиот фудбалски менаџер на денешницата Мино Рајола, стигна и демант од докторите.

„Огорчен сум од повиците на новинарите кои шпекулираат за животот на човекот кој се бори за живот“, рекол Алберто Зангрило, лекарот на Рајола.

Во меѓувреме излезе и соопштение на „Твитерот“ на Рајола.

„Во моментов здравствената ситуација за оние кои се прашуваат: лут сум, поради тоа што ме умираат вторпат за четири месеци“, стои во написот на Рајола.

Рајола во јануари заврши во болница поради проблеми со дишењето.

Тој е познат менаџер на многу големи фудбалски имиња меѓу кои Пол Погба, Златан Ибрахимовиќ, Ерлинг Халанд, Џанлуиџи Донарума…