Демонстранти ја блокираа улицата пред грчкиот парламент

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пред малку дваесетина демонстранти ја блокираа улицата пред грчкиот парламент, изразувајќи го своето незадоволство од гласањето за Договорот од Преспа.

Во моментов во Парламентот и натаму трае расправата околу ратификација на Договорот, кое што треба да се случи денеска во текот на попладневните часови.