Ден на жалост во БиХ – денеска ќе бидат погребани шесте тинејџери од Посушје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денес, во Ракитно во Босна и Херцеговина, ќе бидат погребани преостанатите шест млади лица кои трагично починаа по задушување со плин на новогодишната ноќ во Посушје.

Тоа се Иван Миличевиќ, Стипе Ромиќ, Миа Солдо, Шана Павковиќ, Стипе Павковиќ и Марија Павковиќ.

Вчера беа погребани нивните две пријатели Мирела Резо и Стјепан Јукиќ.

Денес е Ден на жалост во Федерацијата на Босна и Херцеговина, а заедничката меморијална миса ќе ја водат бискупот од Мостар и Дувањ, Петар Палиќ.