Денес се одбележува втората годишнина од масовното убиство во Рибникар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На денешен ден пред две години, малолетникот К.К. изврши масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.

Тој со пиштолот на татко му пукал во ученици и вработени во училиштето каде што учел.

Денеска годишнината ќе биде одбележана со целодневна комеморативна програма.

Убиени беа учениците Бојана Асовиќ, Ана Божовиќ, Катарина Мартиновиќ, Мара Анѓелковиќ, Ема Кобиљски, Софија Негиќ, Андрија Чикиќ, Адријана Дукиќ, Ангелина Аќимовиќ и обезбедувачот Драган Влаховиќ.

Шест лица беа ранети, меѓу кои пет ученици и еден наставник.