Денеска и утре нема натпревари на ЕУРО 2020, возбудувањата продолжуваат во сабота

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Денеска и утре има пауза од ЕУРО 2020, а оние кои се веќе во 1/8 финалето продолжуваат со подготовките за следната фаза.

Македонскиот национален тим во вторникот се врати во Скопје, со оглед дека ги заврши натпреварите без бодови и со три порази од Австрија, Украина и Холандија, кои сите три отидоа во следната фаза.

Во сабота продолжуваат возбудувањата на ЕУРО 2020, со првите осминафинални натпревари и тоа меѓу Велс и Данска и Италија – Австрија.

Сите осминафинални двојки, може да ги погледнете на следниот ЛИНК.