ТВ21 почнува со регионалниот серијал “Робин Худ”, во соработка со колеги од Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Обработуваме теми за кои јавноста мора да слушне.
Првата епизода ја емитуваме денеска со почеток 21:15 часот.
Посветена е на нашите колешки новинарки, но и колеги новинари и нападите врз нив при професионалното известување.
Во првата емисија разговараме со Павле Беловски, претседател на Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници, кој вели дека доколку прашањата не им се допаѓаат на граѓаните или на луѓето кои се во таа ситуација, тие тргнуваат да ги напаѓаат новинарите.
Како што вели, има и закани, турканици, но понекогаш и физичко насилство.
„Кога прашањата не им се допаѓаат на граѓаните, или на луѓето кои се во таа ситуација, тие тргнуваат нас да не напаѓаат, ни упатуваат закани, не туркаат, или во најтешко кривично прекшување, физички не удираат. Тоа е недозволиво. Затоа што ние не сме излегле од дома за да се запознаеме со нечија приватност, нас приватноста на граѓаните не не интересира, воопшто, не е домен на нашата работа, не е опис и попис на нашите работни задачи. Нас не интересира како тој граѓанин, физичко лице, или партиципент, дел од некоја институција, администрација, работи или презел дејствија, акции за некој случај. Нас само тоа не интересира“, вели Беловски.
