Денеска најстудено во Битола – најмногу снег на Шапка

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во Битола денеска е најстудено, -3 степени, а во Гевгелија се измерени максимални осум степени. До 16 часот висината на снежната покривка е највисока на Попова Шапка, 31 сантиметар, додека во Пожаране е најниска, еден сантиметар.

Како што информира УХМР, нула степени е во Берово и Виница, еден во Крива Паланка и Прилеп, два во Охрид и Претор, три во Скопје-Петровец, Тетово, Штип и Демир Капија, четири во Скопје-Зајчев Рид и шест степени се измерени во Струмица.

Снегот во Битола е 14 сантиметри, осум е во Дебар, седум во Маврови Анови, шест во Лазарополе, пет во Ѓуриште и три сантиметри е во Берово, Охрид, Претор и Тополчани.

Утре се очекува ведро и многу студено утро, а преку ден сонце со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -4, а максималната ќе достигне од -1 до 9 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 4 степени.

Во четврток на планините во западните делови ќе има услови за повремен снег. Потоа во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и потопло време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег со променлив интензитет. Во деновите од викендот ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Поради јужното воздушно струење ќе има пораст на утринските и дневните температури, што ќе предизвика побрзо топење на снегот.