Денес ќе преовладува променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи, понекаде со услови за невреме со засилен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен и западен правец.
Ќе биде малку посвежо особено во северните делови. Уште од претпладне ќе преовладува променливо облачно време со изолирана појава на повремен пороен дожд со грмежи, краткотрајно и како невреме со засилен ветер, и појава на град. Во западните делови ќе дува засилен ветер од западен до југозападен правец. УВ=7
ВРЕМЕТО УТРЕ
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. УВ=8
