Денеска Скопје имаше можност да види како Меѓународната Вселенска Станица преминува преку дискот на Сонцето

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од скопското астрономско друштво јавуваат дека денеска, 5ти јуни во 13:38:39 од Скопје можело да се забележи како Меѓународната Вселенска Станица (МВС) преминува преку дискот на Сонцето.

„Боби Кузмановски имаше среќа делумно да му се расчистат облаците и успеа да го долови транзитот од комфорот на својот балкон. Овој настан требаше да го фотографираме и со други телескопи, но тековниот карантин нѐ спречи во намерите“, пишуваат од друштвото.

Денес на 5ти јуни во 13:38:39 од Скопје можеше да се види како Меѓународната Вселенска Станица (МВС) преминува преку…

Gepostet von Скопско астрономско друштво / Skopje Astronomical Society am Freitag, 5. Juni 2020