Денеска сончево и релативно топло – од сабота промена на времето

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, во источните од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје, сончево и топло. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Од петок ќе има зголемување на облачноста, а во сабота промена на времето. Поради продор на постудена воздушна маса од север ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд, а на повисоките планини од снег, особено во западните и северните делови. Во сабота ќе дува засилен северен ветер. Дневните температури за време на викендот ќе бидат во опаѓање, а од понеделник ќе има постепен пораст.