Денеска започнува пролетта

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со првите подолги денови и повеќе сончева светлина, денеска официјално започнува пролетта во земјава и на северната хемисфера. Новото годишно време настапува во 15:46 часот, додека на јужната полутопка во истиот момент започнува есента.

Денешниот ден го одбележува и пролетната рамноденица, период кога денот и ноќта се речиси еднакви. Сонцето изгреа во 5:37 часот, а ќе зајде во 17:46 часот, што значи дека првиот пролетен ден трае 12 часа и 8 минути.

Според астрономските пресметки, пролетта ќе трае 92 дена, односно до 21 јуни во 10:24 часот, кога календарски започнува летото.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе се движи од -2 до 3 степени, додека максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.

Во главниот град ќе преовладува слично време, со минимална температура до 2 степени и максимална до 15 степени.

Во наредните денови се очекува променливо облачно време со повремен засилен ветер, а во понеделник има услови за појава на слаби врнежи од дожд.