Жителите кои живеат или имаат земјиште во близина на депонијата за отпад во Тетово протестираа. Тие се жалат дека откако оваа депонија е поставена на оваа локација, нивните земјишта веќе не се обработуваат, а тие се во голема мака од лошата миризба. Според жителите, екс градоначалникот ја лоцирал депонијата овде, а актуелниот не наоѓа решение.
„Овој дел од Полог беше едно од најплодните полиња. Тука се одгледуваа сите видови на земјоделски плодови, почнувајќи од пченицата, пиперката, пченката, зелката. Билал Касами, апелираме до него да го направи ова иако е помалку виновен од другите, да ја премести оваа депонија на друго место, не може да биде среде Полог каде што нашите родители не хранеле, не школувале, од овие земји вие не може да направите депонија на овој начин, да им го земете имотот на сите овие сопственици.
„Лично ми смета бидејќи живеам овде, депонијата е на 10 метри, можете да снимите и да видите каде ми е куќата. Знам дека за ова е виновна Теута Арифи но барем ја одржуваше чиста, овие кратко и јасно ја зголемија штетата, а за ова ги известив сите газди, бев кај Билал Касами, ми рече дека ќе се реши и веќе ништо не беше превземено. Не знам до кога ќе продолжи вака, со деца и семејство, депонијата е на 10 метри од куќата.
Јавното претпријатие Тетово бара граѓаните да бидат трпеливи, додека се приватизира.
-Граѓаните мора да имаат разбирање додека не се најде решение. Очекуваме оваа депонија да биде дислоцирана до крајот на годинава-велат од ЈКП Тетово.
Во оваа депонијата секој ден се носат по илјадници тони отпад од градот.
„Станува збор за депонирање на отпад во градот Тетово. Дури и од сликите се гледа дека има илјадници тони отпад, овој отпад мора да се носи на депонијата Русино, но како што изгледа процесот се одвива многу бавно.“, вели репортерот на ТВ21, Сенат Зилбехари.
Првично, депонирањето на отпадот беше во близина на автобуската станица. Потоа беше преместена во близина на влезот на градот, но по многу бурни реакции во 2019 година беше дислоцирано на сегашната локација.
