Депонијата „Русино“ наскоро за цел Полог – општините ќе плаќаат по 10 евра за секој тон фрлен отпад

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Се наоѓаме кај депонијата Русино во Гостивар.  Овде во моментов  отпадот го фрла  само општина Гостивар, а со формирање на претпријатието Русино се очекува овде отпадот да го фрлаат сите општини од Полошкиот регион“, вели репортерот на ТВ21.

Ова го потврди  и директорот на Центарот за развој на Полошкиот регион, Фатмир Саити, којк потврди за ТВ21 дека се создадени технички услови   и другите општини да почнат да го фрлаат отпадот во Р усино.

„Создадени се услови, имаме технички услови, ќе се консултираме и со консултантите за да видиме што можеме да направиме со цел и другите општини, не само Гостивар, да можат да го фрлаат отпадот и технички се приближуваме до фазата кога и другите општини ќе  го фрлаат отпадот во Русино“, посочи Фатмир Саити.

Како ќе функционира депонијата Русино? Општините кои овде ќе го фрлаат отпадот, ќе плаќаат по 10 евра за тон, а ова според Саити  ќе донесе профит и за претпријатието.

„На предлог на Министерството и консултантите, во износ од 10 евра по тон, и по усвојување на оваа одлука од регионалниот совет, истата одлука ќе треба да помине и во  општинските совети о така да стане правосилна. Мислам дека   е в о интерес на сите општини и граѓаните, затоа не очекувам доцнење за да помине оваа одлука“, додаде Фатмир Саити.

Во моментов во депонијата Русино отпад фрла само општина Гостивар,  додека другите општини од Полог имаат проблем   со менаџирањето на отпадот. Палењето на депонијата Русино беше причина за чести протести во Гостивар,   се додека Министерството за животна средина   се договори со демонстрантите, Русино да остане депонија уште 5 години а потоа да се побара нова локација.