Трговскиот центар „Ењуб“ во Белград, Србија утрово беше зафатен од голем пожар, јавуваат српските медиуми.
Според првичните информации на местото на настанот се упатиле голем број противпожарни екипи. Засега нема официјални информации за повредени или настрадани лица во инцидентот.
РТС пренесува дека оганот зафатил повеќе деловни локали, како и кровната конструкција на центарот. Во гаснењето учествувале околу 40 пожарникари.
Поради сериозноста на ситуацијата и ширењето на огнот, жителите од околните станбени згради биле итно предупредени да ги затворат прозорците од своите домови.
