„Ние како Државна Изборна Комисија сме подготвени да организираме избори во нормални услови“, посочи претседателот на ДИК Оливер Дерковски за ТВ21.
„Доколку се појави потреба од организирање избори во посебни услови треба сите фактори, кои учествуваат во носењето на тие одлуки да внимаваат кога ги носат тие одлуки, затоа што за организирање на такви избори, треба посебни протоколи за однесување на сите вклучени во самиот изборен процес. Пред се мислам на изборните органи, избирачките одбори, општинските изборни комисии, како и гласачите и сите коишто ќе го набљудуваат процесот. Ова подразбира и овозможување на такви услови од страна на државата“, истакна Дерковски.
