Сите овие граѓани дојдоа пред една приватна лабораторија во Тетово за да направат ковид-тест. Од снимките може да се забележи дека десетици граѓани се собрани на едно место, а некои од нив дури не носат ни маски.
„И додека Владата и останатите институции преземаат мерки за спречување на зголемување на бројот на новозаразени, во Тетово пред една приватна лабораторија сите овие граѓаните кои се зад мене чекаат на ред за да направат ковид-тест“, истакна репортерот на ТВ21.
Пред лабораторијата пристигнаа и припадниците на СВР-Тетово. ТВ21 се обиде да стапи во контакт со лабораторијата преку бројот на нивната веб-страница, но безуспешно. Ова не е прво вакво групирање пред некоја институција во Тетово. Откако се затвори поштата, гужви можеа да се забележат и пред банкарските филијали.
