Десетта жртва на масакрот во Србија: Почина девојче рането во училиштето во Врачар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Девојчето А.А кое беше тешко повредено во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, почина по 12 дена борба за живот.

Таа е 10-та жртва на масакрот што го изврши тринаесетгодишно момче на 3 мај во ова училиште.

Девојчето починало во УДЦ „Тирошва“, а имало тешки повреди на главата и покрај натчовечките напори на лекарите, девојчето им подлегнало на повредите.

Министерството за здравство соопшти дека починал повредениот ученик во ОУ „Владислав Рибникар“.

Министерката за здравство Даница Грујичиќ во свое име и во име на Министерството за здравство изразува искрено сочувство до семејството на повреденото девојче.

Лекарите на оваа клиника 12 дена се бореле за животот на девојчето.

Да потсетиме, масакрот во основното училиште „Владислав Рибaникар“ во Врачар се случи на 3 мај годинава, кога малолетниот К.К.(13), ученик на тоа училиште, влегол вооружен во училиштето и најпрвин убил обезбедување, а потоа убил уште осум ученици.