Детали за пожарот во ресторанот „Рагуза“: При избувнување на пожарот имало луѓе во ресторанот и биле евакуирани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вечерва пожар избувна во ресторанот „Рагуза“ во центарот на Скопје, на покривот на катната гаража „26-ти јули“.

ТВ21 беше на лице место, каде разговараше со пожарникарите околу пожарот.

Пожарникарите кои пристигнаа на местото на настанот нѐ информираа дека пожарот е локализиран и дека нема повредени лица.

Во моментот на избувнување на пожарот имало луѓе во ресторанот, но сите безбедно навреме биле евакуирани.