Полицијата и општинскиот инспекторат денеска влегоа во О.У. „7 Март“ во село Челопек. Причината за тоа е облекувањето на учениците со униформи на ОНА и носењето на пластично оружје, во една претстава која се одржа по повод 28 ноември.
– Зошто сте дошле? Само едно кратко прашање, зошто сте дошле, за каква посета станува збор?
– Ние сме од Државниот образовен инспекторат, немаме што да коментираме…потоа ќе видиме.
Директорот на училиштето ни рече дека станува збор за вообичаена претстава и дека немале никакви тенденции за подделби или потикнување на меѓуетнички тензии.
„Претстава за децата, ништо повеќе, немаше никаква политичка позадина, ниту испраќа порака за подделба или војна, да не даде Господ. Едноставно беше претстава, манифестација за децата за обележување на историските датуми на Албанците, нешто што се слави во сите албански училишта. Зборувам од аспект на раководител на инситуција и зборувам со многу право за вредност за кохезијата на нашето училиште и од родителите, вработените, учениците и сите етнички заедници, дека имаме одлични односи, така биле и ќе бидат во иднина. Во регионот сме пример за меѓуетничка кохезија“, вели Јасин Река.
Реагираше и шефот на Секторот за образование на општина Брвеница и градоначалникот.
„Можеби навистина не требало да се случи тоа, но сметам дека тоа се случи случајно. Меѓуетничките односи се добри веќе со години, овие ученици на оваа македонско училиште веќе три месеци учат во Челопек, така да би било добро да не ги зголемуваме тензиие. Апсолутно не вреди да се занимаваме со ова, но се случи поради други настани за кои сите знаеме и овде ги користуваат за меѓуетнички тензии. Овој случај се користи максимално од политички аспект. Не сакам да имам предрасуди но се знае дека доаѓаат локалните избори и се зголемуваат тензиите бидејќи се знае дека образовниот систем овие работи ги плати доста скапо“, вели Џелал Ахмети.
Целиот настан започна со манифестацијата на празниците во ноември каде учениците од трето одделение имаа претстава за родителите и публиката, меѓу кои и рецитација на поезија која беше придружена од тројца ученици облечени во униформа на ОНА, кои стоеја зад ученикот кој рецитираше.
