Девет морнари од американскиот носач на авиони „Теодор Рузвелт“ се во болница за да се лечат од коронавирусот.
Повеќе од 4.100 лица, од вкупно 4.800 се префрлени на брегот за да бидат во карантин, а 710 се позитивни на коронавирус.
Како што се наведува во соопштението на американската морнарица, само 42 морнари се излечени од коронавирусот после три ипол недели.
Досега еден морнар починал од коронавирусот.
