Девизните резерви на крајот на јули годинава достигнаа 5.011 милиони евра, што претставува зголемување од 74,4 милиони евра во споредба со претходниот месец, објави Народната банка.
Поголемиот дел од девизните резерви се инвестирани во хартии од вредност (71,1%) , по што следуваат монетарното злато (15,6%) и валутите и депозитите (13,2%).
