Џафери: Министерката Царовска избрза, потребна е сериозна анализа и дебата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Џафери во „Click Plus“ на ТВ21 коментираше и за она што Министерството за образование го подготвува како целосна реформа на основното образование (наставни програми и учебници).

Според Царовска, со новата концепција треба да го постигнат полниот потенцијал кај секое дете, а низ образовниот процес да создадат граѓанки и граѓани кои ги почитуваат вистинските граѓански вредности како што се родова еднаквост, толеранција и ненасилството.

Џафери во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 рече дека ова е брза реакција на министерката за образование Царовска и дека за ова е потребна сериозна дебата и анализа.

„Царовска предвреме излезе во јавноста со тие тези. Потребна е посебна анализа, сериозна дебата. Моментот е погрешен. Не е вистинско време сега да се отвори таа тема“, потенцираше Џафери во „Click Plus“ на ТВ21.

ТАЛАТ ЏАФЕРИ ВЕЧЕРВА ВО „CLICK PLUS“: