Претседателот на Собранието Талат Џафери на својот Фејсбук профил упати честитки по повод станувањето на 30-тата полноправна членка на НАТО.
„Денес, нашата земја ја исполни стратешката цел која што ја очекуваше и ја заслужи во полна смисла на зборот. Денес, Република Северна Македонија стана 30-та полноправна членка на Северноатланскиот договор на НАТО, најсилниот воен и политички сојуз во светот“, напиша тој.
Џафери додава дека во понеделник, пред седиштето на НАТО во Брисел, официјално ќе се подигне знамето на Република Северна Македонија.
