Џафери нема план кога ќе ја свика седницата – Андов: Конститутивната седница нема врска со мандатот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вчера, поради семејни причини, ја откажа конститутивната седница. Претседавачот на седницата, Талат Џафери, за ТВ21 изјави дека засега нема план кога ќе закаже продолжување на седницата.

„Врз основа на моите надлежности, кога ќе одлучам тогаш ќе ја свикам. Засега немам некаков план“, вели Џафери.

Но, првиот претседател на Собранието, Стојан Андов, за ТВ21 рече дека не постои одреден рок кога Џафери треба да го направи тоа. Тој дури изјави дека конститутивната седница не треба да се поврзува со изборот на Претседателот на Собранието и формирањето на Влада.

Но Андов повторно ги образложува дилемите во врска со тоа дали треба да се конституира Собранието иако немаме Влада и Претседател на Парламентот. Вели дека во Уставот постојат дупки бидејќи за кратко време се составуваше  и тогаш не можеле да најдат соодветни стручни лица.

Конститутивната седница почна на 4 август каде беа верификувани мандатите на пратениците. Вчера беше закажана седница, но поради семејни причини претседавачот на седницата, Талат Џафери, ја откажа и не се знае кога ќе продолжи.