Џафери смета дека една изборна единица не е соодветна за карактеристиките на нашето општество и држава

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска на брифинг со новинарите, по прашање околу тоа кој е неговиот став околу изборот на моделот за изборни единици, посочи дека тоа не е соодветен модел за карактеристиките на нашето општество и држава.

Идеален модел, според него, нема, но, моделот за шест изборни единици, како што вели, е најоптимален.