Кривична пријава против тројца скопјани за „насилство“ и „изнуда“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Единицата за насилен криминал-Одделение за насилен криминал при СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по итна постапка против В.А.(26), Д.А.(27) и С.С., тројцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „изнуда“ и „насилство“ по член 258 и член 386 од Кривичниот законик.

На 17.08.2026 околу 15:20 часот на подрачјето на општина Аеродром, поради претходно нерасчистени должничко-доверителски односи, физички нападнале 28-годишен скопјанец и упатувале закани кон него и неговото семејство. По преземени мерки обезбедени се В.А. и Д.А., а против С.С. е распишан централен распис. Исто така, обезбеден е и доказен материјал. В.А. и Д.А. се изнесени пред судија за претходна постапка, кој на В.А. му одреди 30 дена мерка домашен притовр, на Д.А. му се одредени мерки за претпазливост, а на С.С. му е одредена мерка притвор во отсуство.