Џафери со народна поговорка за случувањата во ДУИ: Секој ден треба да се погледнете во огледало и да не заборавите од каде доаѓате

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Собранието и дел од ДУИ, Талат Џафери денеска во летното издание на „Click Plus“ на ТВ21 со изрека проговори за последните случувања во ДУИ откако дел од пратениците формираа фракција т.н. Огнена Група.

Тој порача дека има една народна поговорка.

„Секој ден кога ќе почнете со работа треба да се погледнете во огледало и да не заборавите од каде доаѓате. Имајќи предвид сите јавни настапи на посочените, што да кажам освен народното. После сите тие искажани работи јавно на сцена и бесрамно сеа да се вратиш“, вели Џафери.