На новинарско прашање околу поднесените интерпелации и тоа зошто тие не се ставени на седница, Претседателот на Собранието Талат Џафери на прес конференција посочи дека тие се ставени на седница.
„Две интерпелации стојат на една од седниците. Тие претходно беа повлечени од предлагачите, па на една од следните пак беа поставени на дневен ред. Сега стојат од причина што некогаш подносителите не се сите присутни, кои што сметаат дека треба да земат збор. Некогаш лицата на кои се однесува, не се присутни поради други ангажмани. Принципиелно треба да се усогласи подносителот и лицето на кого се однесува за времето кога може да се одржи расправата по однос на интерпелациите“, истакна Џафери.
