Пет мажи приведени по физички напад на семејна веселба во Броштица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пет лица од селото Броштица, Општина Центар Жупа, биле лишени од слобода поради физички напад врз 28-годишен жител на селото Могорче, информираат од Секторот за внатрешни работи Охрид.

Како што соопшти полицијата, настанот бил пријавен откако лекар од Општата болница со проширена дејност во Дебар известил дека со повреди бил примен С.Р. (28) од Могорче.

Полициските службеници од Одделението за внатрешни работи Дебар околу 00:20 часот ги лишиле од слобода А.В. (19), Н.В. (53), А.В. (50), С.В. (32) и Р.Н. (19), сите од Броштица.

Според досегашните сознанија, инцидентот се случил на семејна веселба во селото Броштица, по претходно недоразбирање. При тоа, С.Р. бил физички нападнат од А.В., Н.В., А.В. и С.В.

Од полицијата дополнително информираат дека 19-годишниот А.В. пријавил дека и тој бил физички нападнат, и тоа од страна на Р.Н.

Полициски службеници преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.