Седницата за уставни измени може да се свика и да продолжи во секој момент, но нејзиното не свикување, како што вели претседателот на Собранието Талат Џафери, се случува затоа што на пратениците им се дава време да размислуваат, односно да се предомислат. Во Клик Плус на ТВ21, Џафери изјави дека пратениците треба да ги стават интересите на граѓаните пред партиските интереси.
„Полесно ми е да кажам ќе ја продолжам седницата, но што ќе излезе од тоа. Суштината е да се даде време за размислување на секој што треба да размислува. Да се реши за она што е од општ интерес. Одредување на правилата. Со Деловникот ваквата состојба им овозможува на луѓето да размислуваат што е тесно-партиски интерес или интерес на граѓаните и на државата општо.“, рече Џафери.
Како што вели Џафери да беше формално прашање, седницата ќе се затвараше тој ден на 18 август. Но за да се обезбедат бројките за таа седница, додаде дека е обврска на лидерот на ДУИ, Али Ахмети и на другите. Во врска со тоа зошто претседателката на ЕК, Урсула Фон Дер Лајен, не се сретна со лидерот на опозициската ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Џафери се согласува дека тоа може да биде политичка порака.
„Тоа е друго прашање. Тоа е прашање на политичките одлуки, политичките гледни точки на институциите на ЕУ за избор на комуникација. Јас не сакам да коментирам“.
-И вие и ние знаеме дека ВМРО е таа што кочи!
Тоа е прашање за кое требате да ја прашате комесарката.
-Кога тоа го преведуваме политички, дали тоа е порака за самиот г. Мицкоски, зошто не се сретна со неа?
Мислам дека да! Порака е за…
Џафери додава дека нема одредено време за изгласување на уставните измени и за свикување на седницата, а роковите почнуваат дури по нивното усвојување.
