Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џеј Ди Венс, денеска изјави дека папата Лав XIV не треба да се меша во внатрешните прашања на САД, додека воедно го бранеше американскиот претседател Доналд Трамп по неговите критики упатени кон папата, кој порача дека нема страв од американската администрација.
Венс во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека Ватикан треба да се фокусира на морални прашања, додека американската администрација треба да ја води јавната политика, додавајќи дека несогласувањата меѓу политичките и верските лидери се „природна појава“ и не претставуваат голем проблем.
„Нека се занимаваат со она што се случува во Католичката црква, а претседателот на САД нека ја води американската јавна политика“, изјави Венс.
