Пред околу три месеци министерот за земјоделство Арјанит Хоџа заедно со неколку земјоделци од селото Џепчиште го посетија каналот кој минува низ земјоделските земјишта на ова населено место. Хоџа тогаш вети дека многу брзо овој канал ќе биде исчистен.
„Токму министерот за земјоделство Арјанит Хоџа на неколку жители од село Џепчиште им вети дека каналот за наводнување наскоро ќе биде исчистен, и се вративме на истото место, но каналот и натаму не е исчистен“, вели репортерот на ТВ21.
Каналот се уште не е исчистен, а денеска министерот Хоџа рече дека дека е отворен тендер и дека многу брзо ќе започнат работите.
„Тоа што го ветивме согласно сите рекордни процедури, ќе го оствариме. Ние не можеме да функционираме надвор од законот, но за работа која 20 години не е ништо направено, успеавме да ја заокружиме како процес и многу брзо ќе се почне со работа“, посочи Аријанит Хоџа.
Земјоделците кои ги сретнавме овде каде што им беше дадено ветувањето, не мислат дека каналот некогаш ќе биде исчистен, туку велат дека се разочарани од ветувања.
„Со оваа вода не можеш да наводнуваш, цела пченка не е наводнета, имаме проблем, ни вода ни ништо нема, каде ќе оди водата овде, видете го каналот не е исчистен, каква надеж, пред месеца рекоа дека ќе го исчистат, еве видете сами“, истакна земјоделец.
„Не бре, видете каков е, оваа вода е загадена, тие ветуваат само а ништо не се работи, не се надевам, и не гласам за никого. Да ви кажам право никому не верувам“, додава земјоделец.
Земјоделците се жалат дека не можат да го наводнат земјиштето бидејќи оваа вода им ги оштетува посевите. Овој канал е изграден на почетокот на ’60-те и обновен во 1999, а од тогаш е само површно чистен и не може да се користи за наводнување.
