Џил Бајден испрати порака со својот стајлинг – во Британија пристигнала со интересен натпис

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Џил Бајден со својот стајлинг испраќа порака за љубовта додека го следи својот сопруг претседателот на САД, Џо Бајден во странство.

Првата дама на САД носела црн блејзер со натпис „љубов“ на грбот при средбата со британскиот премиер Борис Џонсон и неговата сопруга Кери Џонсон, пренесува АП.

ФОТО: АП

Таа го носела истиот блејзер пред повеќе од две години кога ја започнале претседателската кампања.

„Носиме љубов од Америка“, им кажала Џил Бајден на новинарите, објаснувајќи го својот моден избор.